Денес, 1-ви декември, се одбележува Светскиот ден за борба против сидата и тоа е шанса луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетат на оние кои починале.

Светскиот ден за борба против сида прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето. Денес науката доста напредна во терапијата за ХИВ и постојат закони кои ги штитат лицата кои живеат со ХИВ. Но и покрај тоа, луѓето воглавно не знаат како да се заштитат себе и другите од ХИВ и стигмата и дискриминацијата останаа реалност за многу луѓе кои живеат со ХИВ. Светскиот ден за борбата против сида е важен да ја потсети јавноста и владите дека ХИВ не исчезнал-дека постои и понатаму витална потреба да се соберат средства, подигне свеста, победат предрасудите и да се подобри образованието. Иако овој ден е добра шанса пошироката јавнност да почне да зборува за тоа и да се спроведе знаењето во акција, не смееме да заборавиме колку е важно да се јакне свеста за ХИВ во текот на цела година.

Како можете да го поддржите Светскиот ден за борбата против СИДА?

 – Со подигање на свеста на луѓето за ХИВ и сида во својата околина. 

– Носењето на црвена панделка и предложување на другите лица да го направат истото. 

– Така што ќе се заштитите себе-ова е примарен и најважен начин да се запре ширењето на ХИВ.

 – Ако мислите дека постои причина – тестирајте се на ХИВ. 

Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА. Триесет години после првите случаи на ХИВ, црвената панделка е универзален симбол на свест и поддршка на оние кои живеат со ХИВ. Луѓето ги носат во текот на цела година, а посебно во време на 1-ви Декември- Светскиот ден за борба против HIV/AIDS како би ја изразиле својата загриженост за ХИВ и сида и луѓето кои живеат или се опкружени со нив.

Црвената панделка е прва панделка која стана симбол и подоцна инспирираше разни верзии како што е на пример, розевата панделка за борба против рак на дојка. Речиси деценија после појавата на ХИВ, во 1991-ва година, група од 12 уметници се собрале како би создале визуелен израз на разбирање за луѓето кои живеат со или се загрозени со ХИВ и тоа со цел како би ја подигнале свеста и навеле луѓето да зборуваат за ХИВ.

Смислиле единствено решение кое подоцна стана најпрепознатлив симбол на деценијата-црвена панделка. Ја одбрале црвената боја бидејќи е силна и воочлива, симболизира страст, срце и љубов, и е во облик кој е лесно да се направи. На почетокот, уметниците сами ги правеле и делеле панделките по Нујоршката уметничка сцена и веќе после неколку недели, светски познати актери зборувале за значењето на панделката и почнале да ги носат по разни церемонии за доделување награди како што е Оскар. Медиумите исто така пружиле поддршка и набрзо симболот на црвената панделка стана препознатлив во цел свет. Не постои официјален облик на панделка, и како и многу луѓе можете сами да ја направите. Без разлика на обликот и големината, пораката која ја праќате е иста-порака на поддршка и разбирање за луѓето кои живеат со ХИВ или сида, и грижа и посветеност во борбата против ХИВ.