Доктор Ненад Лазаров преку ФБ напиша совети како да се справиме со стомачниот вирус кој овие денови зема замав.

„Дечки, деновиве хара исклучително интензивна стомачна вироза, целата слика на дијареа со или без повраќање трае 3-4 дена, настапува нагло со грозници и општа слабост.
Бидете рационални, останете дома, изолирајте се и активно рехидрирајте се.
Миење на раце по секое одење во тоалет е задолжително!


Препорачувам пробиотици со ладни чаеви или цедевита, голтка по голтка, и лесна храна со мирување, тоа е основен третман.

На лекар јавете се по барем 2-3 дена домашно лекување, со секое прерано и непотребно одење по амбуланти само придонесуваме за ширење на вирусот.