Дерматолозите алармираат: Ова се новите симптоми на кожата од коронавирус

По респираторните симптоми, по губење на вкусот и мирисот, сега се појавуваат и кожни манифестации на Ковид-19. Во соопштението за печатот, Националниот синдикат на дерматолози-венеролози на Франција, предупредува за симптомите…

По респираторните симптоми, по губење на вкусот и мирисот, сега се појавуваат и кожни манифестации на Ковид-19. Во соопштението за печатот, Националниот синдикат на дерматолози-венеролози на Франција, предупредува за симптомите кои можат потенцијално да се појават на кожата во случај на заболување како резултат на коронавирусот.

„Група ВатСап со повеќе од 400 дерматолози (независни и болнички), организирани во нивниот синдикат, јавуваат за лезии на кожата, поврзани со знаци на Ковид-19 “,се наведува во нивното соопштението.

Синдикатот притоа ги наведува симптомите за кои станува збор.

-Станува збор за акросиндроми (појава на псевдо-смрзнатини на екстремитетите), ненадејно појавување на понекогаш болно црвенило и повремени лезии на копривњача“.

Синдикатот на дерматолози притоа предлага доколку се појават овие симптоми на кожата, веднаш да се консултира лекар.

„Анализите на многу случаи пријавени во синдикатот покажуваат дека овие манифестации можат да бидат поврзани со Ковид-19, се наведува во соопштението.

-Ние ја предупредуваме јавноста и медицинската професија со цел што побрзо да ги откриеме овие потенцијално заразни пациенти (без нужно да покажат знаци на потешкотии во дишењето)“, се додава во соопштението на синдикатот на дерматолозите.


Related Articles