Светската здравствена организација ги охрабрува сите да се вклучат во борбата за почист и поздрав воздух. Еве неколку едноставни совети за заштита од опасностите кои произлегуваат од загадениот воздух:

1. Секојдневно проверувајте ги информациите кои се однесуваат на загаденоста на воздухот во вашиот град што се преземаат од мерните станици. Апликацијата „Мој воздух“ може да ви даде корисни информации.

2. Избегнувајте да вежбате надвор кога нивото на загаденост е високо. Наместо тоа, вежбајте дома и не излегувајте без потреба. Внимавајте и на тоа колку време вашето дете си игра надвор, ако воздухот е загаден.

3. Избегнувајте да вежбате близу сообраќајници. Дури и кога квалитетот на воздухот е означен со зелена боја, возилата на преполните коловози може да предизвикаат загадување во опсег од над 500 метри.

4. Користете помалку електрична енергија во вашиот дом. Употребата на електричната и другите видови енергија го зголемуваат нивото на загаденост. Со намалување на користењето на електрична енергија ќе го подобрите квалитетот на воздухот и ќе го намалите нивото на стакленичките гасови, а со тоа ќе ја зголемите вашата енергетска независност и ќе заштедите пари.

5. Користете ја енергијата од сончевите колектори. Нивното набавување неколкукратно ќе ви ги намали трошоците за струја. Бројот на сончеви денови кај нас е многу голем.

6. Користете го јавниот превоз, возете велосипед или електричен тротинет.

7. Немојте да палите шуми или отпадно ѓубре. Ваквата практика неколкукратно го зголемува нивото на загаденост и предизвикува огромни штети кои ќе се рефлектираат во иднина.

8. За греење користете печки на пелети. Ваквите уреди се дури и субвенционирани од државата.

9. Немојте да пушите дома и поддржете ја забраната за пушење на јавни места.

10. Немојте да фрлате ѓубре каде ќе ви текне. Грижете се за животната средина и барајте од локалните власти да обезбедат повеќе контејнери за селекција на отпад