„Денес усвоен и законот со кој родителите на децата родени во 2010 година во Систина и други здравствени установи на територија на град Скопје може да побараат измена и како место на раѓање на нивните деца да биде заведен градот Скопје! По објавување на законот во Службен весник, родителите можат да поднесат барање за измена во изводот од матична книга на родени!“, напиша вчера министерката Рената Дескоска на својот проофил на Фејсбук.

Таа објасни дека на пример, на децата родени во „Систина“ во изводот на раѓање им пишувало дека местото на раѓање им е Злокуќани, според новиот закон тие, односно нивните родители, ќе можат да го корегираат ова и да им пишува Скопје.