Министерот за здравство, Венко Филипче повтори, невакцинираните деца нема можат да се запишат на училиште и да одат во градинка. Според него само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници. Конечната одлука ќе се знае во понеделник, по средбата со министерот за образование Арбер Адеми и со министерката за правда Рената Дескоска.

Досега од почетокот на епидемијата бројот на заразени достигна 1399 случаи со мали сипаници. Во изминатиот период кога трае вакцинацијата, вакцинирани се скоро 24.000 лица, а невакцинирани уште 18.800 надвор од Скопје.

Веќе од понеделник од здравствените власти најавија засилени контроли во центрите за јавно здравје бидејќи одзивот за вакцинација надвор од Скопје е многу мал.

Првично министерот Филипче објавуваше информации дека има преку 15.000 илјади невакцинирани лица во Скопје, започна вакцинацијата, почна да тече провизијата и некако се смирија работите. Веднаш потоа министерот Филипче виде дека тука има плодно тло за заработка и епидемијата од неколку скопски општини ја префрли на цело Скопје, за подоцна да ја прогласи на територијата на цела Македонија. Со вакцинирани преку 24.000 илјади лица, млади, повозрасни и деца и ако состојбата е таква како што се наведува во соопштението на министерството за здравство, како и дека остануваат да се вакцинираат уште 18.800 лица надвор од Скопје, зошто тогаш министерот за здравство, Филипче не ја прекине состојбата на епидемија во главниот град. – прашуваат граѓаните преку социјалните мрежи.

До кога Филипче под опсада ќе ги држи скопјани, како и до кога ќе се заканува со неидење и непуштање на децата во школо ако не се вакцинирани? Едукацијата на децата е загарантирано право со уставот на Р. Македонија и секое дете има право и обврска да оди на училиште кое е задолжително до завршување на средното образование. Дали има размислено министерот Филипче, а воедно и Адеми и Десковска, како и на кој начин ќе им возвратат или ќе им се реваншираат државата и институциите на оние родители чии деца нема да бидат примени во образовниот систем на Македонија, само затоа што нивните родители одлучиле децата да не бидат вакцинирани? Што со таа година на едукација што ќе ја изгубат?

По многу примери низ многу земји на Балканот како и низ Европа, вакцинацијата не е задолжителна. Родителите имаат право да одлучат дали ќе ги вакцинираат децата или не и од кои болести. Во тие земји процентот на вакцинација е поголем отколку во земјите каде вакцинацијата е условена, задолжителна или морална. Ако некое дете не посетува настава цела година и го прекине образовниот циклус, на кој начин размислува и како мисли министерот и институциите да се оправдаат или како ќе излезат во пресрет на таквите случаеви на родители и деца?

Тука се наметнува и тезата дека доколку испадне епидемија на морбили што со сите оние кои се вакцинирани? Прво при самата вакцинација на детето за вакцината се посочува дека се заштитени само 90% од случаевите коие се вакцинирани и нешто повеќе некој процент, додека пак тие приближно 10% и покрај тоа што се вакцинирани може да фатат или да се заразат од морбилии и да ги прележат. 100% заштита има само кај оние случаеви на деца или лица кои прележале морбили, сите останати се заштитени само во 90% од случаите. И тезата која се наметнува во оваа ситуација е: Ако дојде до епидемија, нема ли да настрадаат и тие приближно 10% од вакцинираните за кои нема целосна заштита и второ ако испадне епидемија на морбили сите вакцинирани деца по училиштата и нивните родители нема зошто да се загрижуваат бидејќи сите оние родители кои одлучиле да не ги вакцинираат своите деца имаат најголеми шанси да се заразат од морбили.

Вакцинираните деца примиле вакцина и се заштитени барем во оние 90% и нешто повеќе случаи.  Поради тоа не постои основано аргументирано образложение поради кое Филипче заедно со Адеми и Десковска можат да ги отстранат децата од образовниот систем во Македонија.

Ама кога станува збор за провизии и аванти од вакцини, посебно ако Филипче е подготвен да дели, во тој случај нема да ја остават ситуацијата да биде мирна колку и да е аргументирана. Ќе најдат начин како да го загорчат животот на сите деца и родители во државата и со тоа да се чека само кога ќе дојде денот кога оваа ненародна власт која го исцица целиот живот од граѓаните на Македонија, посебно во делот на здравството и образованието, еднаш засекогаш ќе си замине и никогаш повеќе нема да се повтори!!! – реагираат и коментираат родители по социјалните мрежи, осудувајќи го ваквото однесување на министерот Филипче како Македонија да е негова бакалница од која треба што повеќе да заработи, а не држава за која треба да се грижи!