Децата над 12 години треба да носат заштитни маски за лице

Агенцијата на ООН за здравје и права на децата посочуваат дека децата од 12 годишна возраст треба да носат заштитни маски за лице. Во меѓувреме Светската здравствена организација (СЗО) и…

Агенцијата на ООН за здравје и права на децата посочуваат дека децата од 12 годишна возраст треба да носат заштитни маски за лице.

Во меѓувреме Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) не препорачуваат децата на возраст од 6 до 11 години да носат маски, но велат дека треба да се земат во предвид областите со интензивна стапка на пренесување на вируси и во посебни прилики како што се училиштата.

Експертите кои го подготвија упатството сметаат дека постојат ситуации кога маските можат значително да влијаат врз процесот на учење и да имаат негативно влијание врз училишните активности. Помладите деца не треба да носат маски, затоа што не можат сами правилно да ги ставаат и вадат, се наведува во документот.


Related Articles