Естонија покрена апликација со дигитални имунолошки пасоши, што им овозможуваат на луѓето да го споделат својот статус поврзан за коронавирусот со трета страна, како што се властите или работодавецот.

Immunity Pass е мобилна и веб-апликација што собира податоци за тестирање за новиот коронавирус.

Апликацијата е направена од невладина организација, со поддршка на почетни компании и здравствени службеници.

Програмерите велат дека апликацијата е во согласност со естонските и меѓународните регулативи за приватност на податоците, но признава дека тие се „свесни за можни етички, социјални и други проблеми и зошто тоа решение може да не функционира“ во некои земји.

Светската здравствена организација предупреди да не се издаваат такви пасоши на лица кои се опоравиле од коронавирусот, затоа што нема докази дека тие лица се заштитени од повторна инфекција.