Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнителна заменичка министерка за фининасии во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за ребалнсто на буџетот при посочи дека за тоа како ќе се предвидат приходите до крајот на година Нина Ангеловска треба да го земе во предвид фактот дека приходите кои што се остварени во месец април во суштина се однесуваат на месец март.
-Уште на 24 март јас доставив писмен допис до министерката во кој имаше многу мои предлози и кои ставки треба дасе скратат како најургентни во моментот предложив да се направи ребаланс на буџетот. Ние сме месец и пововина после тој датум кога го доствив тој допис и министерството за финаснии започнува процедура околу подготовката на ребалансот на буџетот.Немам детали за тоа што се случува околу тоа затоа што јас во министерството со луѓето комуницирам кога имаат потреба да потпишам некое ново задолжување, а во однос на деталите околу пресметки, проекции не сум вклучена. Во делот на планирањето од она што го слушнав ме загрижува еден момент е дека Нина Ангеловска спомува дека се водат во тоа како ќе ги предвидат приходите до крајот на годината и се водат по она што се случува во месец април, а во ниту еден момент не слушнав од министерката, а претпоставувам дека го има во предвид фактот дека приходите кои што се остварени во месец април во суштина се однесуваат на месец март. Да не заборавиме до 25 април односно сега беше продолжен и рокот се поднесуваа ДДВ за претходниот месец, така да приливите кои што стигнуваат во буџетот, а буџетот ги регистрира готовинските плаќања значи имаме регистрирање на приходите за месец март. Она што ќе се случува во месец април, мај и јуни кај оние најпогодените индустрии, каква ќе биде пресметката и колку тие ќе имаат пад во ДДВ во најголме дел ќе го видиме до 25 јули кога ги имамем кварталните обврзници, истакна Димитриеска Кочоска.
Таа во своето гостува рече дека претпоставува дека тие пресметки ќе ги земаат во предвид бидејќи во ниту еден момент не слушнала дека ги земаат приливите за во месец април се однесуваат во суштина на март и тоа значи дека сега во мај ќе почуствуваме најмногу удар врз приходната страна бидејќи сега ги очекуваме приливите по однос на тоа што се случувало во април.