Центарот за декубити во рамки на Геронтолошкиот завод Скопје се затвора. Во иднина лицата со рани од лежење (декубити) веќе нема да да можат да бидат згрижени во посебениот Центар како што беше тоа досега. Станува збор за пациенти со сериозен здравствен проблем и потребна им е голема нега. Наместо да продолжи со работа овој Центар кој беше отворен во 2011 година и на истиот само да му се зајакнуваат капацитетите, директорка Салија Љатиф инаку стоматолог по специјалност  решила да го укине.

Пациентите со ваков проблем освен што беа хоспитализирани во Заводот, за истите имаше и дневна болница и домашна посета. Сега од тоа нема да има ништо. Дополнително со укинувањето на Центарот за декубити  посебно обучените медицински сестри се распределуваат да работат на други оддели низ целиот Геронтолошки завод. Во пракса ова ќе предизвика штета за пациентите со декубити  бидејќи ќе бидат третирани од медицински сестри кои не е обучена за вакви пациенти.

Во 2011 година Македонија беше единствена земја во регионот која имаше ваков Центар за декубити, кои добиваа соодветен третман од посебно обучени сестри, како во заводот, така и во дневната болница и при домашна посета. Истиот работеше според сите Европски процедури и протоколи кои се потребни за третман на декубити.

Инаку се планираше во Заводот да се отвори и посебен Центар за хронични рани, во чиј склоп требаше да се направи и сала за оперирање на ганрени, со што останатите болници ќе се ослободат од ваков вид на зафати и тоа требаше да се праи во Заводот, бидејќи сите болници и клиники креваат раце од пациентите со гангрена или доколку се одлучат хируршки да ги третираат им се нарушува целиот оперативен програм зошто во салите потоа се прави посебна дезинфекција.

За планираниот Центар за хронични рани беше набавена и дел од потребната опрема, но истата, според извори од Заводот директорката Љатиф, сака да ја врати на министерството за здравство.

Добро упатени извори коментираат дека затворањето на Центарот за декубити е скандалозен потег на Директорката Љатиф, која е стоматолог по професија и според нашите извори не е познато зошто го прави ова. Дали од непознавање на пробематиката или пак пациентите со отворени рани по телото ништо не и значат? Но, ако стоматологот не ја разбира проблематиката, сигурно Филипче кој е неврохирург многу повеќе знае за декубитите, но засега од него нема никаква реакција и очигледно сето ова се прави со негова дозвола.