Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај препораката од матичниот лекар, не била примена во болница.
Министерот за здравство Венко Филипче извести дека во тек е истрага за целиот случај.
„Утре директорката ќе боде разрешена, ќе биде поставен нов директор. Денс на увид се инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на одговорноста на сите други вклучени во овој процес и согласно информациите ќе се одлучува понатаму за одговорноста на луѓето вклучени во овој случај“, рече министерот Филипче.
Тој нагласи дека во меѓувреме е покрената постапка од охридското обвинителство и апелираше институциите целосно да ја спроведат истрагата.