Од Асоцијатата на специјализанти и млади лекари, на нивната фејсбук страна, упатија молба до министерството за здравство и министерот Венко Филипче за опомена и снакционирање на директорот на Општата Болница Кочани бидејќи тој и натаму не ги исплатува парите за одвоен живот кои им следуваат на специјализантите.

Тие посочуваат дека ситуацијата е полоша во Св.Еразмо во Охрид, општата болница во Прилеп и во многу други градови. Ваква порака добивме за ситуацијата со средствата за одвоен живот кои ги исплаќа ОБ Кочани – пишуваат од АСМЛ.

– “Почитувани, во Кочани имаше проблем со исплатата на одвоен живот, но благодарение на министерот кој беше во Кочани ги добивме средствата, – но директорот пак продолжува да не ги исплаќа парите. Да му пишеме ли пак на министерот?“

До кога средствата кои се наменети за специјализантите и младите лекари ќе бидат предмет за манипулација и истите намерно нема да се исплатуваат иако се обезбедени? Каков впечаток остава ваквиот однос на одговорните и надлежните кон помладиот медицински кадар кој треба да е мотивиран да работи и да се унапредува во својата држава и дали ова е вистинскиот начин на кој постарите треба да им бидат пример на помладите? – се само дел од прашањата кои осамнаа на социјалните медиуми по ваквата постапка на институциите.