Со наближувањето на летото многу од нас влегуваат во режим на редовни физички активности, за да ги намалиме килограмите, кои сме ги качиле во текот на зимата.
Со интензивните вежби нашето тело влегува во речиси непрекинат режим на обновување, обидувајќи се да ги „нахрани“ мускулите и ткивата.
Затоа е добро да се знае дека во овие моменти е важно да му даваме на организмот многу храна и некои основни додатоци кои ќе го одржуваат имунитетот на телото, да помагаат во неговото закрепнување и да ни обезбедат повеќе сила додека се потиме во фитнес-салата.
БЦАА Амино киселини
Амино киселините со разграден ланец (БЦАА) се еден од најважните и најчесто пропуштани компоненти при редовниот и интензивен спорт.
Нивниот прием значително ја намалува болката по вежбање, го скратува периодот на обновување и помага на вашето тело да согорува повеќе маснотии.
Креатин
Креатинот е природна супстанца содржана во различни видови на месо. Неговото додавање кон диетата ни обезбедува повеќе сила, повеќе прилив на вода кон мускулите и помага за побрзо собирање на чиста мускулна маса.
Протеин
Иако е препорачливо да се храниме со високопротеинска храна кога тренираме напорно, никогаш не е излишно да испиеме и по некој протеин шејк по неколку часа поминати во салата.
Протеините ги градат мускулите, учествуваат во работата на нервниот систем и се од исклучителна важност при интензивни вежби.
Омега-3
Многу пати е зборувано за важноста на омега-3 киселините како важен дел од нашата нормална исхрана. Освен дека го засилуваат имунитетот на телото и ја поддржуваат работата на мозокот, тие се и главен играч во симнувањето на масти, задржувањето на мускулната маса и одржување на здрави зглобови и лигаменти.
Глутамин
Многу љубители на фитнесот честопати го пропуштаат глутаминот затоа што не го разбираат неговото значење и улога. Глутаминот му помага на организмот да се бори со сите воспаленија и инфекции, кога при интензивни физички оптоварувања имунитетот е намален.
Тој го регулира и гликогенот во телото, што помага за намалување на стресот, дава повеќе сила и го забрзува мускулниот раст.