Министерот за здравство Филипче го обвинуваат за уште една афера за снабдување со лекови. Наум Стоилковски , портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ обвини за нов скандал.

Неверојатно но вистинито, додека јавноста се уште очекува расчистување на аферата „Крвав тендер“, а во полн ек е скандалот за префрлањето на 3 милиони евра од Клиниката за хематологија во семејната компанија на директорката на истата клиника, незаменливиот Венко Филипче повторно се поврзува со нова афера. Овој пат со снабдување, со донации на лекови со кус рок.

Имено, министерот Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз. Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија.