Здравствените работници повторно на протест. Цената со паркингот беше само повод да се започне. А, причини за протест на здравствените работници има многу. Истите се соочуваат со немање на соодветни услови за работа, а од нив зависат човечки животи.
Здравствените работници имено и не се соодветно платени. Токми затоа сега протестот е и за незадоволството од платите. Тие бараат подеднакво покачување на платите. Не ја прифаќаат одлуката на министерот Филипче да има покачување за доктори 10%, а пак за медицинскиот персонал само 5%.
Поради деликатноста на нивната работа, за да не ги загрозуваат животите на пациентите, и пациентите да чекаат додека тие протестираат. Лекарите кои работат додека трае протестот, тие ќе им се придружат и преку работење со што на мантилити им пишува „Протестирам“.