Кашлицата знае да биде многу непријатна и исцрпувачка, бидејќи телото се обидува да се ослободи од вишокот слуз во белите дробови, па постојано се грчи.
Голем број од луѓето посегнуваат сами по лекови и антибиотици, без консултација на лекар, само побрзо да се ослободат од непријатната тегоба и повторно да почнат да дишат слободно.
Пробајте да го решите проблемот со кашлицата на природен начин и тоа со помош на овој лек.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-домашен мед
-маслиново масло
-брашно

ПОСТАПКА:

Потребно е да промешате брашно по потреба (зависи колкава облога ќе правите) и малку маслиново масло колку да се натопи брашното.

Добро промешате го за да се соедини. Потоа додадете мед. Смесата треба да биде изедначена.
Добиената смеса ставете ја памучна чиста салветка, а преку неа ставете газа. Облогата свртена со газата ставете ја на грбот или на градниот кош на детето и фиксирајте ја со леплива лента или фластер.

Оваа облога можат да ја користат и возрасни лица.