Согласно Националниот план за вакцинација, од министерството за здравство велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк изнесува 395.776 граѓани.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата вакцинација.мк, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на вакцинација.мк бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.