Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до четврток, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање.
Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза на Македонците им е дадена на 13.300, лица, на граѓаните на Врање и Србија на 29.510 лица и 9 дози на граѓаните на БиХ, соопшти порталот „Врање њус“. Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ 12. Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица.
Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954). Потоа следи Фајзер, кој бил даден во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286). Рускиот Спутник В даден е во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27).
Астра Зенека, која не беше достапна долго време, аплицирана е во 932 случаи (455 + 477).
Што се однесува до граѓаните на Македонија, во четвртокот во Врање, 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втората 16 лица.