Сите микро, мали , средни претпријатија и приватни здравствени установи имаат на располагање шест милиони евра за нова современа опрема преку Фондот за иновации. Три милиони евра ќе бидат доделени по скратена постапка за фирми кои аплицирале за грант и како такви ги поминале проверките но, на кои не им биле одобрени пари.

Останатите три милиони евра се за компании кои аплицираат прв пат. За оние кои аплицираат по скратена постапка одлуките ќе се донесат до распуштање на Собранието односно 11 февруари , а за фирмите чии апликации се во редовната постапка одлуките ќе се пласираат по изборите.

Инаку рокот за аплицирање по скратена постапка е до 27-ми овој месец, објасни директорот на Фондот, Јован Деспотовски.