Португалија и Шпанија се најпогодените земји од мајмунски сипаници. Тие регистрираат нови заболени, а мајмунските сипаници продолжуваат да се шират во Европа.

Во изјава за еден од нашите електронски медиуми, епидемиологот др. Драган Даниловски посочува дека премногу силно се реагира од страна на светските здравствени агенции и ја смирува ситуацијата.

– Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.