Во гостување на емисија на телевизија, доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека има назадување за последната година во дефицит на медицински персонал и има миграција од државен во приватен сектор.

Тој посочи дека потребно е да се минимизира политичкото влијание во избирањето на соодветен кадар, балансерот треба да се укине, а ветувањето дека ќе се корегира позитивната листа се уште не е остварено.

– Првата работа е позитивната листа коа не е променета со години. Власта ја добија со ветување дека ќе ја корегираат позитивната листа на лекови. Навистина е комплицирано да се добие позитивна селекција и да се добијат кадрите. Неопходна потреба ни е позитивната селекција и да се минимизира политичкото влијание и балансерот кое треба да се укине. Во последната година изгубивме врвни стручњаци. Сите примери, прават големи аномалии и деформитети во здравствениот систем. Покрај високите кадри, имаме и проблем на средниот персонал, па имавме протести за покачување на платите. Ветувањето не беше реализирано, рече Николов.