Жалосно е тоа што се случи и Зоран Заев е навикнат на тие игри, но изненадува кога што во тоа се вклучени доктори, ние мора да ја преземеме одговорноста. И во таа игра е доктор Филипче и сега се зборува дали има понудено оставка, како, па дали е отповиклива или не, рече доктор Игор Николов, прв човек на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата на една од нашите телевизиски куќи, коментирајќи го случајот во Тетово со изгорената модуларна болница.

– И по ова што се случи требаше да видиме некаква корективна акција, а тоа е да се префрлат некои пациенти од другите модуларни болници. Има информации дека во модуларната во Куманово донеле ПП апарати пред некој ден, рече Николов.

Тој наведува дека се укажува на тоа дека нема реална работа, туку дека има само пиар и се глуми менаџмент на криза. Според него треба да се преземе одговорност, а не да се игра игра, да се тера пиар.

– Но, како да се навикнавме да нема одговорност. Немаше одговорност кога немавме лична заштитна опрема, кога немаше терапија, болнички кревети и слично. Ние се уште сме во состојба да нема протоколи за лечење кои се стандардизирани и по повеќе од година и половина од корона кризата, посочи Николов.