Денеска во Клиничката Болница во Битола се врши увид од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат. Станува збор за случајот со двајца гинеколози кои се суспендирани од своите работни места.

За двајцата гинеколози се поднесени кривични пријави за злоупотреба на должноста бидејќи дозволиле невработено лице да влезе во операционата сала на Гинекологија. Невработеното лице е сопруга на еден од гинеколозите, по потекло од Србија, а во истовреме е лекар гинеколог. Спорниот податок, освен фактот што и е дозволен влез без да биде вработена во болницата, е и тоа што немала лиценца, а дипломата и била во фаза на нострификација.

Полицијата во кривичната пријава ја товари за надрилекарство бидејќи и било дозволено да изврши царски рез врз родилка. Сопругот пак се товари и за фалсификување службени документи, затоа што според кривичната пријава во дневникот запишал дека интервенцијата ја извршиле заедно со колегата со кој биле дежурни тој ден.

Пријава за овој случај била доставена до директорката на болницата така што веднаш се започнала постапка и дисциплинска комисија.