Две деца кои возеле велосипеди попладнето во скопскиот Градски парк се судриле меѓусебно, при што едното се онесвестило од силниот удар и од падот.
Веднаш се собрале голем број на очевидци на самото место и веднаш била повикана Брза помош истовремено додека траела паничната реакција на родителите.
Од таму го потврдија настанот.
– Веднаш е интервенирано на самото место и се е во ред. Детето се врати по неколку минути при свест и немаше потреба да се носи во болница – потврдија од Брза помош.