Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил информираше дека претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетил пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор.

Двата пациенти се во добра и стабилна состојба. Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пацент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терапија, но е во добра состојба, пишува Филипче.

Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, додава Филипче.