Коронавирусот може да произведе повеќе од три пати поголема содржина на патогени од вирусот од кој што е предизвикан кој предизвикува појава на сериозен акутен респираторен синдром (Сарс) во 2003 година, иако пациентите може да покажат помалку воспалителни и имунолошки реакции, се наведува во студијата.

Откритието, предводено од познатиот микробиолог од Хонг Конг, Иуен Квок-јунг, е прво од ваков вид врз основа на тестови извршени на белодробно ткиво отстрането од пациентите. Резултатите ја потенцираа вирулентноста на болеста, како и тешкотијата на здравствените власти ширум светот да ја откриваат во споредба со Сарс.

За да се „скроти“ епидемијата со Сарс биле потребни шест месеци.

Ковид-19 е многу поголем предизвик. Овој вирус зарази повеќе од 1,6 милиони луѓе ширум светот и предизвика повеќе од 100.000 смртни случаи за четири месеци. Според Светската здравствена организација, Сарс заразил 8.098 луѓе, а 774 починале.

„Речиси не постои начин да се контролира вирусот пред јули“, рече Иуен од универзитетот во Хонг Конг, кој водеше студија објавена во научното списание „Клинички-инфективни заболувања“.

Тој и неговиот тим откриле дека новиот коронавирус генерира 3,2 пати повеќе инфективни вирусни честички од Сарс во рок од 48 часа.

„Во некои случаи, КОВИД-19 реплицира до 100 пати во рок од 48 часа, додека вирусот Сарс можеби достигна околу 10 до 20 репликации“, рече Чу Хин, доцент на истражувања на Медицинскиот факултет ХКУ.

И покрај тоа што репродукцијата е ефикасна, новиот вирус предизвикал  поспори имунолошки реакции, се наведува во студијата.За разлика од Сарс, КОВИД-19 скоро не предизвика никакви сигнални протеински интерферони во рок од 48 часа, што е клучно во поттикнувањето на имунолошкиот систем да дејствува против вирусот.

„Вирусот е како нинџа, се реплицира во телото со пониски интерферони и воспалителни реакции“, рече д-р Јаспер Чан Фок-ву, доцент на клиниката на медицинското училиште, додавајќи дека дополнителни тестови би можеле да бидат корисни за забрзување на клиничките испитувања за лекови.

Недостаток на симптоми или само благи симптоми ја отежнуваат работата на владите ширум светот, да го спречат КОВИД-19.

Со оглед на тоа што 90 проценти од населението не е имуно, Јуин предупреди дека вирусот може да продолжи да се шири и после летото. Иако социјалното растојание и универзалното маскирање треба да продолжат, тој предложи да се назначи супервизор за контрола на инфекции во секоја канцеларија и училиште по јули.

„Продолжете да носите маски, продолжете да имате многу добра лична хигиена пред да влезете на училиште или во канцеларија. Исто така, прво треба да бидете тестирани за да бидете сигурни дека немате вирус “, рече Јуен, додавајќи дека Хонг Конг мора да го зголеми својот капацитет за тестирање на вирусот.

„Студијата исто така откри дека 14-дневн карантин не е доволно. Кога повторно ќе ги отвориме границата, можеби ќе треба патниците да бидат тестирани “.

Наодите исто така докажаа дека коктелската терапија на лекарите од Хонг Конг оди во вистинската насока за да се добие имунолошки одговор, додаде Јуен. Лекарите препишуваат коктел кој содржи лопинавир и ритонавир со бета-интерферон.

„Од нашите првични резултати, бета-интерферон е најважната компонента на оваа терапија“, рече Јуен.