Здравство не отстапува, а образование сеуште тактизира дали невакцинираните деца да бидат примени во училиште. Иако официјално заврши епидемијата на морбили министерот Филипче смета дека треба да продолжи забраната за првачињата кои немаат уреден вакцинален картон.

– Ќе инсистираме законите да се почитуваат, тоа значи ќе се запишуваат во школо децата кои што имаат редовно примани вакцини согласно календарот и затоа треба да ја приложат поврдата. Во меѓувреме за време на епдиемијата се смени и правилникот за упис во градинка, сега и тие деца мора задолжително да се вакцинирани за да бидат примени во градинка. Мора граѓаните да знаат тоа е единствениот начин за да се одржи колективниот имунитет задоволни сме од опфатот на вакцијација, после инсистирањето да се спроведуваат законите, законот против заразни болести, еден од членовите во законот за основно образование заради тоа што придонесе опфатот со вакцинација во Скопје да порасне од под 80 на 99, и над 95 проценти ширум државата, што значи дека има колективен имунитет, сериозно е намален ризикот, повторно да се јави епдиемија. Тоа е единствениот начин на кој што се обезбедува тој имуинитет да не се јавуваат вавкви болести, внимавајте има деца кои не смеат да се вакцинираат заради претходна здравствена состојба и тие немаат како поинаку да се заштитат освен со колективен имунитет, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство за Сител.

Според податоците од образование околу 200 деца останаа надвор од училиштата зошто не биле вакцинирани. Во септември група родители поднесоа кривични пријави против министрите Адеми и Филипче за злоупотреба на службената положба повикувајќи се на законот според кој образованието е задолжително за секое дете.

Инаку за цела година колку што трааеше епидемијата 1900 лица заболеа од морбили, а 4 деца починаа. 10 проценти од заразените со мали сипаници беа здравствени работници.