Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека досега 42 случаи на сојот омикрон се идентификувани во земјите на Европската унија.

Инфекциите се потврдени главно кај помладите луѓе и нивните симптоми се обично поблаги, рече претседателот на ЕЦДЦ, Андреа Амон, пренесе Гардијан.

– За да процениме дали омикрон го избегнува имунитетот, сепак треба да почекаме да завршат испитувањата во лабораториите со примероци на луѓе кои се опоравиле од омикрон. Тоа се очекува за две недели – додаде Амон.

Таа изјави дека здравствените власти на ЕУ проценуваат уште шест потенцијални случаи.