Како дел од новите мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус, училиштата во Чешка ќе бидат затворени на неопределено време и ќе се забранат собири на повеќе на стотина луѓе, рече премиерот Андреј Бабиш.
Во Чешката Република досега се пријавени 40 случаи на коронавирус, а во повеќето случаи станува збор за луѓе кои престојувале во северна Италија, која е најтешко погодена во Европа.
„Нашата главна задача е здравјето на нашите граѓани. Разбираме дека тоа ќе биде непријатно, но сакаме да ги спречиме настаните од Италија на секој начин“, истакна Бабис на прес-конференција.
Официјални лица изјавија дека одлуката за новите мерки е донесена откако таксист од Прага заболел од вирусот и тоа е првиот случај на кој изворот на заразата не можел да биде утврден.
Со новите мерки од утре се затвораат училиштата и колеџите, но не и градинките. Забраните вклучуваат филмски, театарски, културни, спортски и верски собири.Чешката Република веќе забрани летови кон Италија и воведе задолжителен карантин за илјадници луѓе кои се враќале од одмор од оваа земја.