Избеганите диви животни од зоолошка градина во Линебах се фатени. Два лава, два тигри и еден јагуар се повторно зад решетки, една мечка е убиена.

Неколкуте опасни диви животни, кои денеска избегаа од една зоолошка градина во германската покраина Рајнланд Пфалц, се вратени во своите оградени живеалишта, соопшти портпарол на регионалната управа од Битнург во Ајфел. Станува збор за една мечка, два лава, два тигри и еден јагуар. Мечката била убиена уште на почетокот на акцијата за фаќање на животните, во која учествувале и ловци.

Животните избегале од Ајфеловата зоолошка градина во Линебах. Овој регион, како последица на синоќешното невреме, бил поплавен, а притоа дел од оградите на зоолошката градина биле разлабавени. До населението беше упатена покана да не ги напушта домовите додека трае опасноста.

Зоолошката градина во Линебах, која е во приватна сопственост, располага со околу 60 примероци од егзотични и домашни животински видови. На површина од околу 30 хектари има вкупно 400 животни, меѓу кои и сибирски тигар и лавови.