Министерството за здравство заедно со Црвениот крст ќе ангажираат волонтери кои ќе им бидат како водичи на пациентите.

Нивна задача ќе биде да им помогнат на граѓаните полесно да се снајдат во комплексот Клиники.

Министерот Филипче и ген. секретар на Црвениот Крст Саит Саити денеска ќе го претстават овој проект па повеќе детали ќе соопштиме по негово промовирање.