Тендер министерот Филипче до сега покажа само способност за некакви сомнителни тендери и некакви физибилити студии за таканаречено јавно приватно партнерство во кое што услугите од јавното здравство се пренесуваат во приватното здравство, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на одржаната прес конференција пред само еден ден.

Министерот Филипче, без срам, без совест, без трошка достоинство и чест, во изјава за една телевизија, посочува дека направил се што може и дека не се чувствува виновен за ниту една постапка. Ниту за тендерот за реагенси, ниту за тендерот кој го додели на Др. Пановски, татко на директорката на Хематологија, ниту се чувствува одговорен за физибилити студијата за катна гаража и оставање на лекарите, болните и пациентите да се паркираат пак кој кај стигне, не се чувствува одговорен ниту за сообраќајниот хаос, ниту за сметот низ клинички, ниту за починатите 30-тина лица оваа сезона од сезонски грип, ниту пак што сеуште е активна епидемијата од морбили која неможе да ја контролира, спречи или намали и после неколку месеци опсада на целата република со принудна и присилна вакцинација. За сето ова и многу повеќе Филипче ниту се чувствува виновен ниту има грижа на совест.

Ако после сето ова нема знаци на совест, покајание или човечност, веднаш треба да следи оставка, бидејќи ваква личност не заслужува да седи на раководно не на министерско столче и да управува со најбитното министерство во државата.   –  коментираат пациентите, болните и дел од лекарите кој ја пратат состојбата во македонското здравство.