Македонка Давчева од Велес е пациент на Клиниката за онкологија. Таа е член на неформалната група на фејсбук „Љубов сме”. Од оваа група упатија повеќе барања до неколку министерства со цел да им се помогне во секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие пациенти. -Дел од проблемите се патните трошоците на пациентите кои одат на хемотерапија, отсуството на онколог во комисиите кои одредуваат инвалидност, како и други проблеми со кои тие секојдневно се соочуваат, посочуваат пациенти кои се членови на оваа Фејсбук група.

Тие велат „оставени сме сами на себе, сами се снаоѓаме за терапии и лекови“.

Македонка, како претставник на оваа неформална група, остварила средба со министерката за труд и социјала Мила Царовска и со министерот за здравство Венко Филипче, каде што ги посочила проблемите и барањата на пациентите заболени од рак, кои ги објавиле претходно на социјалните мрежи. Од средбата добила уверување и ветување дека сериозно ќе бидат разгледани нивните барања. Но, се уште од тие ветувања нема ништо.

Пациентите се гневни зошто одговор нема од надлежните и велат „неприфатливо е ништо помалку од оставка и смена на Венко Филипче“.