Откако го обајвивме текстот „Заразената докторка миленичка на министерот Венко Филипче?“, а со него приложивме и видео објавено на Фејсбук профилот на министерот Филипче, тој пост веднаш го избришал.

Во посоченото видео кое било споделено до министерот на 16 јануари докторкатa која не ги почитуваше препораките на Министерството за здравство, директорка на клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, се претставува како посветена докторка на пациентите, иако е на директорската позиција. Таа изјавува дека за неа „пациентите се пред се“.

Очигледно министерот сака да избегне секаква поврзаност со посочената неодговорна колешка.