Граѓаните во секое време ја подигнуваат својата терапија и повеќе не стравуваат дека можат да останат без потребниот лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на неколку аптеки во Гевгелија.

– Граѓаните се снабдени со лекови во кој било период од месецот, потенцираше министерот Филипче.

Во август почна првата фаза од укинувањето на квотите за лекови на рецепт, а Гевгелија беше меѓу првите градови во кои се укинаа квотите. На 1 октомври се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. Оваа мерка е во интерес на сите пациенти и лекари, информираат од Министерството за здравство.