Министерството за здравство не се откажува од проектот за јавно приватно партнерство во Брза Помош. Но и по една година од најавата за приватизација на оваа служба не е јасно кој и колку ќе плаќа за здравствените услуги.  Веќе еден месец доцни и јавната дебата за изготвената физибилити студија која ги крие сите одговори. Пред да одлучат надлежните ќе бараат помош и од домашни и странски експерти.

-Во подготовка сме и физибилити студијата сакаме да ја разгледаме со експерти и од други области, економисти и странски експерти кои имаат искуство од имплементација на вакви модели во здрваството. Се уште сме на мисење дека се што е непотребен трошок да може да се менаџира со Јавно приватно партнерство. Сега многу трошиме на нешто што не може дас еконтролира, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Иако здравствените власти со уверување дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци ниту ќе има менување на дрг цените, неофицијално, приватниот парнтер за да работи профитабилно ќе добива повеќе пари од фондовската каса. Ако сега Фондот издвојува 2,8 милиони евра годишно за скопската  Брза Помош, со јавно приватно партнерство ќе троши околу 5 милиони. Во меѓувреме на оваа служба и требаат околу 30 лекари и дополнителни возила за навреме да одговорат на повиците од граѓаните.

-Нема да има екстра трошок за граѓаните а ќе добиваат многу поквалитетни услуги. Контролата над приватниот партнер ќе биде од државата и мниистерството за здравство, вели Филипче.

Покрај Брза Помош, готова е и физибилити студијата за ин витро а во подготовка е студија за новата градска болница која треба да се гради кај Мајчин Дом во Аеродром.