Филипче ја одби поканата на српската премиерка за вакцинација на здравствените работници од Македонија во Србија

Министерот за здравство Венко филипче по вчерашната јавна покана од срспката премиерка за вакцинација на здравствените работници од земјава во Србија се заблагодари и ја одби поканата. Тој посочи дека…

Министерот за здравство Венко филипче по вчерашната јавна покана од срспката премиерка за вакцинација на здравствените работници од земјава во Србија се заблагодари и ја одби поканата. Тој посочи дека можат да спроведат успешен процес на имунизација во земјата, но засега се чекаат дозите на Фајзер од северниот сосед.

-Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие 8.000 дози кои треба да ги купиме од Србија. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, изјави Венко Филипче.

Иако српските вакцини и првата количина договорена директно со Фајзер ќе бидат со интервентен увоз без нивна регистрација во земјата, сепак, административните процедури го одолговлекуваат процесот за нивен транспорт. Во текот на наредната недела се очекува да бидат во собраниска процедура и измените на законот за лекови кои ги прават по барање на Фајзер за вакцината да ја регистрираат без локално претставништво кај нас. Тоа ќе биде неопходно за набавките во следниот период доколку и други производители ги постават истите услови.

Засега остануваат критиките дека заостануваме во процесот на имунизација.


Related Articles