Во текот на денешниот ден дојде до нашата редакција информација дека директорот на Здравствениот Дом Скопје – Скопје, Виктор Исјановски се „подновил“ со нов ЏИП, ново теренско возило, новото службено возило на директорот на ЗДС – Скопје. И покрај сите отфрлања и негирања од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, како и од страна на директорот на ЗДС – Скопје, Виктор Исјановски во текот на денешниот ден во гаражата на ЗДС, се појави и теренското службено возило на директорот, Виктор, марка Шкода Kodiaq, во вредност од 30.000 илјади евра.

Тука се поставува прашањето: Дали треба да се честита за новата набавка или не е прикладно сега? Дали новата набавка е обезбедена легално со јавна постапка или не? Зошто Итната Медицинска Помош не добива нови возила, иако потпаѓа под ингеренциите на Здравствениот Дом Скопје – Скопје? Колку санитетски возила би се купиле со 1.800.000,00 денари? Од кога директорот Исјановски е побитен и има повеќе право на комодитети и луксузи додека граѓаните кои секој месец плаќаат здравствено осигурување неможат да ги добијат основните здравствени услуги или навремена ИМП?

Дали не е срамота граѓаните на град Скопје, кои имаат потреба од Итната Медицинска Помош да чекаат по 45-ет минути за нивната итност да дојде на ред и да ги посети екипа на оваа служба и да има помогне? Дали и зошто наместо да се инвестира во медицински и санитетски возила Директорот на ЗДС – Скопје без срам си купил службено возило, теренски џип од неколку илјадници евра, наместо тие пари да ги пренаменел и рационално да ги искористил за потребите на граѓаните?

Дали не му е срам на директорот Исјановски после сите овие вакви настани да ги погледне болните, пациентите и медицинскиот персонал во очи кога недостасуваат основни матријали, реагенси или лекови, а тој ужива во луксузи и се перчи со трошење на народните пари за лични комодитети наместо рационално и одговорно да раководи и работи со финсиските средства од народот? – прашуваат граѓаните