Министерството за здравство ќе го контролира работењето и на другите бањи, откако вонредниот инспекциски надзор во Катлановската бања утврди дека установата работело без дозвола за вршење здравствена дејност, а нелегално работеле и лекари.

Министерот Венко Филипче на средба со директорот на Фондот за здравство. Целта вели е да се разјаснува како Фондот склучувал договори за купување на здравствени услуги од бањата, кога бањата немала дозвола за работа.

Инспекцијата во Катлановска бања затекнала двајца доктори ортопед и анестезиолог како и еден дефектолог кои се странски државјани и кои работеле без лиценци. Тие прегледувале пациенти, но за направениот преглед не давале никаква белешка.

Министерот Филипче, не кажува точно каква ќе биде одговорноста на работењето на странските лекари без лиценци, бидејќи тоа се уште се утврдува.

Извори од Министерството за здравство велат дека треба да се провери и каков е статусот на лекарите странци кои работат во другите приватни болници во земјава, односно дали имаат лиценци, за што се испратени инспекции.