Министерот за здравство, Венко Филипче скоро цела година откако е министер може да се види главно на настани и со информации за донации. Тешко или ретко, пак, да информира, или да биде на настан каде министерството за здравство финансирало во опрема. Имаше информации и за набавка на медицинска опрема, како онаа на Институтот за радиологија, но средствата беа на јавната здравстена установа, а не од министерството. Со сопствени пари во октомври имаше информација дека е набавен нов апарат за компјутеризирана томографија.

За тоа дека не е набавена никаква опрема од министерството за здравство говорат и податоците од Електронскиот систем за јавни набавки.

Дополнително во ребалансот се предвидени 91 милион денари за медицинска опрема за јавните здравствени установи. Ова се средства од самиот Буџет. Во вкупниот дел од ребалансот пак, каде што влегуваат и средства од донации и други финансии се предвидени околу 212 милиони денари. Во основниот Буџет за 2018 година стратно беа предвидени околу 221 милион денари. Медицински апарти од пари на министерството за здравство годинава нема.  Оттука се поставува прашањето дали и средствата од ребалансот за 2018 година ќе пропаднат зошто останува околу месец дена за набавка, а истата не е ни на повидок. Во меѓувреме пак Филипче за следната година најавува набавка на медицинска опрема.

Министерот за здравство, Филипче неодамна во интервју за „Макфакс“ одговара на прашања поврзани за донациите од фирмите и инвестициите од страна на самото министерство.

Одговарајќи на прашањето дека донациите се еден од најочигледно најприменуваните начини за да се добие нова опрема и нови ресурси, Филипче одговара „има општествено одговорни фирми и мислам дека е сосема коректно да одделуваат одреден дел од средствата за да се зајакне јавното здравство“.

И на тоа дека впечатокот е оти вложуваат други отколку што вложува државата во здравствениот систем, Филипче вели дека има одреден буџет за секоја следна година и оти има огромен број на трошоци и дека „се планираат секогаш сериозни, големи набавки со кои што значи дека сериозно ќе се зајакне системот на јавно здравство“.

Колку за илустрација кои се активностите на министерот. На 17 октомври 2018 година амбасадорката на Босна и Херцеговина во земјава, Лепа Бабиќ, министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на оваа Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, ја презентираа донацијата на компанијата „Виолета“. Компанијата донираше средства за набавка на нова постелнина за болничките кревети, бојадисани се сите 24 соби на одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата, ноќници за родилките, облека за бебиња и 16 нови креветчиња за бебиња. Потоа имаше донација, за Клиниката за детски блести „Козле“, од медицински апарати – вентилатори за домашна употреба наменети за специфична група на пациенти кои имаат потреба од потпомогната асистирана вентилација, која може да се изведува и во домашни услови. Многу заеднички настани со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како полседниот на кој беше презентирано истражување поддржано од УНИЦЕФ. Присуство на настан на кој беше промовиран проектот „Медицински кловнови“, или специјално обучени медицински лица кои ќе работат на психолошкото здравје на хоспитализираните деца со тешки болести. И ова не се лоши чекои, но потребна е суштина во здравството. Потребни се медицински апарати, инфраструктура, обучување на кадар и слично.

За разлика од периодот откако владата ја предводи СДСМ, во периодот кога владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, министерството за здравство беше предводено од Никола Тодоров сликата беше поинаква.

Беа инвестирани околу 100 милиони евра за набавка на нова опрема, со цел унапредување на нивото на квалитет на здравствените услуги. Или набавена е опрема за Центарот за спиналнахирургија, набавена е опрема за Клиниката за државнакардиохирургија, набавени се 3 нови дигитални рентген апарати во УК по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Потоа во трите клинички болници во Битола, Штип и Тетово за неколку години беше инсталирана и пуштена во употреба најсовремена медицинска опрема, како што се: апаратите за компјутеризирана томографија, за магнетна резонанца, литотриптор, ангиограф, дигитален мамограф, остео дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо-апарати, инкубатори, апарат за безболно вадење крајници и друга медицинска опрема. Набавен беше  нов ангиограф за Градската општа болница „8 Септември“, со кој дополнително се прошири опсегот на здравствени услуги во оваа јавна здравствена установа. Исто така се набавија нови 70 санитетски возила, од кои 69 наменети за службите за Итна медицинска помош и едно наменето за Клиниката за детски болести.