Министерот за здравство, Венко Филипче, излезе низ медиумите да се објасни дека поништениот тендер за набавка на реагенси од 36 милини евра не е скандалозен и затоа тој не гледа причина да си поднесе оставка. За него е неприфатливо тоа што само една фирма се јавила на тендерот оти очекувале најавената заштеда со централизираната набавка да се случи на јавната аукција, со наддавање.

Со други зборови ви пропаднаа плановите што ги договаравте, не успеавте да ги договорите сите детали и некој ве кажал. Ах министре за здравство се кршат плановите како копје кога станува збор за интереси и нормално е да изјавите дека тоа е ништо скандалозно за вие да си дадете оставка, затоа што веќе на големо се договара новиот тендер, не сакате да ја пропуштите шансата. Јасни се вашите планови и тоа во кој правец терате вие. – посочија неколу граѓани со кои разговаравме, а го следат работењето на министерот Филипче.

Добиваме нови ветувања од тебе како министер, нема разрешница на ниту една работа, сплетка или далавера што ја почна и ја направи, за ништо не излезе јавно да кажеш, зошто мислиш дека ние граѓаните сме приглупи и ќе ти веруваме сега кога ќе изјавиш, наскоро ќе кажам што имаше во тендерот, лажеш министре, лажеш, знаеш ти веќе знаеме и ние. Народот не ти верува повеќе!

За министерот грешката со четирите дечиња со дијабетис, не е грешка, не е којзна колку страшна, ама тој неможе ништо да каже додека не се испитаат работите. Министре граѓаните знаат дека и да се испитаат работите и да се дознае дека ваша грешка е, ниту вие ниту неокој доктор ќе признаете дека е ваша грешка и да сносите санкции, далеку било, вие попрво би сноселе уште еден тендер отколку одговорност! Нели? – прашуваат граѓаните

 

 

ништо нема да се направи и за трите пртви родилки, ниту пак за сметот на клинички, ништо нема да се направи уште долго време, ќе пробате да наместите нов тендер и уште многу други работи ќе гледате под превезот на граѓаните да ги протенете, затоа што веќе сте прочитан зато г-не министре треба да си дадете оставка. Во нормални и културни земји со политичари и преставници на народот кои држат до себе, за првата грешка ќе бевте сменет или ќе си дадевте оставка, не вака човек неможе со стап да ве избрка.

Македонија е нормална земја, но ваквите челници како вас кога ќе дојдат на позиција и го гледаат само својот интерес прават да им падне цената и на државата и на народот, поради таквите како вас министре, Филипче, вашиот татко, чичко, вашите соработници и колеги министри сега во владата македонскиот народ пати. Затоа повторно апелираме и бараме што побрзо оставка на министерот за здравство Филипче, за да престане голготата за македонскиот пациент!