Што не може и не ни одговара ќе го смениме, ќе го преместиме! Ветивме што побрзо клинички центар за граѓаните на цела Македонија, не ни одговараше локацијата, го сменивме тоа, сега на тоа место ќе се градат „бегалски кампови“ па, со тоа и приоритетот кој е наложен од владата СЕ СМЕНИ. Клиничкиот центар повеќе не е приоритет и не го брзаме, ќе го работиме натенане и полека, граѓаните, пациентите и сите болни во државата нека се СТРПАТ. Мислењата се менуваат за подобро на граѓаните, за подобро на пациентите, нема врска тоа со неспособноста на министерот, владата, хаосот во здравството!

Сликата за јавното здравство не може да се смени преку ноќ, затоа превземавме револуционерни чекори, со поголеми плати за докторите, платени се и специјализантите, а променета е и локацијата на новиот Клинички центар,

„Јавното здравство за да расте и да се надградува треба да добие дополнителна сума пари. Првиот чекор за зголемување на платите на специјалистите веќе се направи преку зголемување на сумата за дежурства и за ноќен труд меѓу 20 и 40 отсто, платата на лекарите специјалисти се зголеми во зависност од струката и јавната здравствена институција во која работат. Тоа најмногу го почувствуваа лекарите на Клинички центар, нешто помалку во другите болнички установи ширум земјата“, рече министерот.

Постоечкиот Клинички центар нема инфраструктурна можност да даде интегрирана здравствена услуга според министерот, а секојдневно тука поминуваат преку 5000 пациенти, Хм Чудно?

„Ова е една од најзначајните одлуки што ја донесе оваа Влада. Но нема потреба да брзаме со градбата на Клинички центар за да добиеме неквалитетно и нефункционално решение. Според сегашната динамика за година и половина може да почнеме со проектирање, а до пет години и финиширање на градбата со сите стандарди“, рече Филипче.

Во врска со селењето на сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, на локацијата кај Мајчин дом во Аеродром, Филипче рече дека не може да се биде сигурен оти реконструкцијата на Градска болница ќе даде голем квалитет, таа инвестиција нема да продолжи бидејќи локацијата е преоптоварена и нема услови за повеќе, па затоа ќе се префрли на друго место.