Министерот за здравство Венко Филипче останува на ставот дека за докторите ќе има покачување од 10 проценти, а за останатиот медицински персонал од само 5 проценти. Ова денеска како што неофицијално дознаваме го соопштил министерот на средба со претставници на Синдикатот.

На попладневната средба му биле предложени неколку опции меѓу кои и таа на пример покачувањето за сите да биде исто. Му било предложено да биде 6 или 7,5 проценти, но за сите. Сепак министерот останал дециден на ставот дека сака ама не може бидејќи тоа многу ќе го оптерети буџетот.

-Со оваа поделба што се прави сега од страна на министерот, настана поделба меѓу вработените во здравствениот сектор. И онака е лоша состојбата ова дополнително не подели, коментираат деновиве здравствените работници. Филипче со оваа одлука дискриминира околу 22 илјади медицински персонал во јавните здравствени услуги, или сите оние кои не се доктори како медицински сестри, лаборанти, радиолози, физотерапевти и други. Или на еден доктор во просек во јавното здравство има 4-5 лица друг медицински персонал.

Неофицијално здравствените работници велат дека останува опцијата штрајк, но истата дополнително би се разгледала и следната недела ќе има прецизни информации.