Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека вакцините против ковид на производителот „Астра Зенека“, кои ѝ беа на располагање на земјава се целосно потрошени. Вакцините се аплицираа на граѓаните постари од 60 години, бидејќи препораката беше таква да оваа вакцина можат да ја примат само лица над оваа возраст.

Во однос на укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина, министерот Филипче истакна дека нема промена во ставот, односно останува препораката за оваа вакцина.

– Сите 24 илјади дози од вакцината на ‘Астра Зенека’ што ги имавме веќе им се дадени на повозрасни граѓани. Засега нема промени. Вакцината им е дадена на постарите граѓани, но не се земаат само предвид искуствата од Германија, туку и од други земји. Ќе се анализираат и другите публикации и ставови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот“,