Доколку постои барем и мал простор за некаква соработка која наводно би помогнала или е со цел за унапредување на здравството, нашиот министер, Венко Филипче, веќе е таму и ги разгледува можностите, собира искуства, такво едно е и патувањето во Виена, како дел од програмата за поддршката за новиот проект за малигни заболувања. Министерот Филипче, во Виена разговараше со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена во контекст на собирање искуства.

Од Министерството за здравство информираа дека Филипче на средбите во Агенцијата во Виена ги претставил приоритетите на Владата на Република Македонија во делот на здравството и ја потенцирал важноста од успешната досегашна, но и идна соработка со агенцијата.

Во рамки на посетата Филипче се сретнале и со заменик- генералниот директор на одделот за нуклеарна енергија, Михаил Чудаков, со заменик-генералниот директор на одделот за нуклеарна сигурност, Хуан Карлос Лентијо, заменик-генералниот директор на одделот за техничка соработка, Дазу Јанг и заменик-генералниот директор за техничка соработка за Европа, Алдо Филхо Малаваси, посочуваат од Министерството за здравство.

Народот се уште не знае што и до каде е доведена работата со имунизацијата, меѓутоа тоа сега е во втор план, барем за министерот, во Виена осве средбите за соработка најверојатно е убаво периодов и за прошетки, убав е градот, кој да знае, народот тука сеуште во исчекување децата од септември ќе можат ли да започнат со школската година или не?