Повеќе од десет години научниците, психолозите, собираат докази за благотворното делување на физичката активност на менталните способности, а  истражувањата јасно ја покажуваа поврзаноста и врската меѓу нив.

Во изминативе неколку месеци научниците откриле дека физичката активност го спречува физичкото пропаѓање на мозокот и ја подобрува когнитивната флексибилност, а ги зајакнува и менталните способности.

Научниците кажале дека исто како и сите други мускули и органи, така и функцијата на мозокот со тек на време опаѓа, а се чини дека физичката активност го забавува тој процес.