До редакцијата на „Слободен печат“ пристигна поплака од една граѓанка која е револтирана од вандализмот и здравиот разум на жителите, кои искршиле инклузивно игралиште и спортско рекреативно катче, уште пред тоа да биде отворено.
Имено, станува збор за дворот на ПОУ „Д-р Златан Сремец” на 25.12.2019 год е најавено отворање на спортско рекреативно катче за ученици со посебни потреби во Кисела Вода.
Според очевидците уште во неделатата игралиштето било искршено.
За овој настан се пожалија на Фејсбук и надлежните од ПОУ „Д-р Златен Сремец“.