Германската Влада и претставниците на сојузните покраини начелно се договорија за укинување на мерките за борба против пандемијата со новиот коронавирус, со можност повторно да бидат воведени во случај на пораст на бројот на новозаразени лица.
Според нацрт-предлогот за кој денеска дебатира германската Влада, канцеларката Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини за вториот голем бран за укинување на рестриктивните мерки, што се однесуваат на образовниот сктор, малопродажбата и спортот.
Додека физичката дистанца од 1,5 метри и големите манифестациои остануваат забранети до крајот на август.
Германските покраини самостојно ќе одлучуваат за отоворање на рестораните, хотелите, баровите, дискотеките, саемите, базените и фитнес клубовите.
Мерките ќе бидат укинати е додека во еден округ бројот на новозаразени во текот на една недела не ја надмина бројката од 50 луѓе на 100.000 жители. Во случај на поголем број на заразении со Ковид-19 тогаш повторно ќе бидат воведени рестриктивните мерки, што беа во сила до 20 април.