По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од Ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица.

– Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица, изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“.

Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.