ГРОМ ги повикува членовите на Владата а особено министерот Филипче и политичарот Жарко Караџовски да прошетаат пред маркетите, пазарите и пред банките за да видат каков хаос создадоа ова утро. Редиците на граѓаните кои ќе купуваат намирници за наредните четири дена уште повеќе ќе се зголемат во попладневните часови. Тоа значи опасноста од заразување од ковид-19 наместо да ја намалуваме со овие редици уште повеќе ја зголемуваме, се вели во соопштението на партијата.
во продолжение интегрален тест од соопштението на ГРОМ
ГРОМ не може да се изначуди на владините мерки за забрана на посета на гробиштата. Ваква мерка не превземале ни Османлиите за време на петипол вековното ропство. Бараме сите градови и населени места кои не се заразени од „Kоронавирусот“ да немаат полициски час и да може да се посетуваат гробовите на најмилите починати за Задушница. Господинот Караџовски, колку што сме информирани, знае каде се заразените кластери и инсистираме тие да бидат во карантин, а останатиот дел од граѓаните слободно да ги обавуваат своите секојдневни функции. Ако Владата уште во текот на овој ден не ја преиспита оваа мерка ГРОМ ќе смета дека се нарушени човековите права на граѓаните од христијанска вероисповед и истите мерки се флагрантно кршање на верските обичаи, права и слободи загарантирани со сите меѓународни конвенции и дискриминација по верска основа од најгруб облик.
ГРОМ сочувствува со Владата дека е тешка ситуацијата и дека не се снаоѓа најсоодветно но, и овие мерки што ги предвидува не придонесуваат до смирување на епидемијата туку напротив го зголемуваат ризикот од загрозување на здравјето на граѓаните.